Владата на денешната седница го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Христовски доаѓа на оваа фукција откако претходно беше разрешен досегашниот директор Зарко Милошевски.
Христовски е вработен во Министерството за внатрешни работи. Од таму пред две години дојде на директорското место во ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. По кавгата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Христовски како и останатите директорски кадри на партијата си поднесе оставка и повторно се врати на работното место во МВР.