ЦЕЛА КУБА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПО ДЕФЕКТ НА ГЛАВНАТА ЕЛЕКТРАНА

    ЦЕЛА КУБА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПО ДЕФЕКТ НА ГЛАВНАТА ЕЛЕКТРАНАНе се знае колку ќе биде потребно за да се обнови електроснабдувањето (Фото: АФП)

    Цела Куба падна во мрак по дефект на главната електрана, поради што десет милиони жители останаа без струја. Властите кажаа дека не знаат колку ќе биде потребно за да се обнови електроснабдувањето.

    На целиот остров имаше редукции на струјата во изминатите месеци, поради што владата во четвртокот прогласи вонредна енергетска состојба. Вчерашното тотално затемнување уследи по исклучувањето на електраната „Антонио Гуитерас“ во Матансас, која е најголемата во државата.

    Враќањето на струјата е апсолутен приоритет“, изјави претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел Бермудес.

    Шефот на електроснабдувањето во министерството за енергетика Ласара Гарсија подоцна кажа дека процесот на враќање на струјата е во рана фаза. Властите рекоа дека сите училишта и несуштински активности ќе бидат затворени до понеделник.

    Премиерот Мануел Мареро ги обвини влошената инфраструктура, недостигот на гориво и зголемената побарувачка за дефектите на електричната мрежа.

    Недостигот на гориво е главен фактор“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира