МАСК ВЕТИ ДЕКА СЕКОЈ ДЕН ДО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ПОДАРУВА МИЛИОН ДОЛАРИ НА ЕДЕН ПОТПИСНИК НА НЕГОВАТА ПЕТИЦИЈА ЗА ТРАМП

    МАСК ВЕТИ ДЕКА СЕКОЈ ДЕН ДО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ПОДАРУВА МИЛИОН ДОЛАРИ НА ЕДЕН ПОТПИСНИК НА НЕГОВАТА ПЕТИЦИЈА ЗА ТРАМПМаск го користи своето огромно богатство за да влијае врз тесната предизборна трка помеѓу Трамп и Камала Харис (Фото: АП)

    Милијардерот Илон Маск вети дека секој ден до претседателските избори во САД во ноември ќе подарува милион долари на еден потписник на неговата петиција за поддршка на американскиот устав. Тој не губеше време, па веќе го додели првиот чек на еден од присутните на неговиот настан во Пенсилванија кој имаше за цел да собере поддржувачи на Доналд Трамп. Добитникот беше именуван како Џон Дрехер.

    Патем, Џон немаше поим. Така што, сите сте добредојдени“, кажа Маск додека му го даваше чекот на Дрехер.

    Ова е последниот пример за тоа како Маск го користи своето огромно богатство за да влијае врз тесната предизборна трка помеѓу Трамп и Камала Харис. Тој ја основа организацијата за политичка акција Америка ПАЦ во знак на поддршка за кампањата на Трамп. Таа помага да се мобилизираат и регистрираат гласачи во клучните сојузни држави.

    Ако Харис победи, тоа ќе бидат последните избори“, кажа Маск на настанот во Харисбург, алудирајќи на тоа дека САД веќе нема да постојат.

    Петицијата што ја покрена Маск бара од потписниците да го поддржат Првиот и Вториот амандман од американскиот устав, кои ги бранат слободата на говорот и правото да се носи оружје. Маск досега вложил најмалку 75 милиони долари во Америка ПАЦ, според федералните извештаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира