Стотина демонстранти се собраа пред полициската станица во Охрид, кадешто денеска почна распитот на сегашни и поранешни раководители на разни институции во градот, членови на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Специјалното јавно обвинителство. Ова е прв ваков протест пред полицијата, иако и претходно охриѓани биле повикувани на распит од СЈО за други предистражни постапки, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори.
Неофицијално, распитот на околу 180 лица ќе трае и утре, а е поврзан со финансирањето на изборната кампања. Меѓу демонстрантите пред полицијата се и пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кој е и претседател на партискиот огранок во Охрид.
Протестот засега минува мирно,без инциденти