ЈУЖНА КОРЕЈА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ЈА ПОМОГНЕ УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ АКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНАТА

    ЈУЖНА КОРЕЈА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ЈА ПОМОГНЕ УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ АКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНАТАСеул најави дека ќе преземе постепени контрамерки, согласно унапредувањето на руско-севернокорејските односи (Фото: АП)

    Јужна Кореја предупреди дека би можела да испрати оружје во Украина, како одговор на наводното распоредување севернокорејски војници во Русија, што го негираат и Москва и Пјонгјанг.

    Сеул на овој начин сака да ја притисне Русија да не ја вклучува Северна Кореја во војната во Украина. Јужна Кореја е загрижена дека Русија би можела да ѝ даде софистицирани технологии на Северна Кореја, со кои би можела да ги унапреди нуклеарната програма и развојот на проектили.

    Испраќањето севернокорејски трупи да се борат за Русија е огромна безбедносна закана за меѓународната заедница. Северна Кореја ги принудува своите млади да служат како руски платеници во неоправдана војна“, кажаа од кабинетот на претседателот на Јужна Кореја.

    Сеул најави дека ќе преземе постепени контрамерки, согласно унапредувањето на руско-севернокорејските односи. Тоа би можело да вклучи дипломатски, економски и воени опции, но и испраќање офанзивни и дефанзивни оружја во Украина.

    Јужна Кореја ги поддржа западните санкции за Русија и досега испраќаше хуманитарна и финансиска помош во Украина, но избегнуваше директно снабдување со оружје.

    Шпионската агенција на Јужна Кореја објави минатата недела дека Северна Кореја испратила 1.500 воени специјалци во Русија овој месец, а Володимир Зеленски процени дека Пјонгјанг се подготвува да испрати 10.000 војници да се борат за Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира