По последната посета лани во октомври, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дел Лајен пристигна во Македонија, а пред Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски.
Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидено е тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Фон дер Лајен, а потоа ќе билатерална средба помеѓу двете делегации.
Во 12:40 часот предвидено е да има заедничка прес-конференција во Владата. Потоа таа ќе има средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Пред две години, Урсула Фон дер Лајен беше проследена со протести и навреди пред Собранието, додека таа имаше говор пред пратениците, во кој апелираше да се изгласа ревидираниот Француски предлог за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Додека даваше гаранции дека јазикот, идентитетот и историските прашања нема да бидат предмет на преговорите за пристапување кон Европската унија, протестирачите го маваа Собранието со јајца и со тоалетна хартија, а не беше посмирено ни внатре во пленарната сала.
Пратениците од тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти довикуваа од место: “Предавници”, додека збореше Урсула Фон дер Лајен, а пратениците на Левица ја напуштија салата.
С. К. ДЕЛЕВСКА