ТОА ШТО ФОН ДЕЛ ЛАЈЕН НЕ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО ОСТАВА ПРОСТОР ЗА РЕШЕНИЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МУРТЕЗАНИ

    ТОА ШТО ФОН ДЕЛ ЛАЈЕН НЕ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО ОСТАВА ПРОСТОР ЗА РЕШЕНИЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МУРТЕЗАНИФон дер Лајен вчера по средбата со премиерот Мицкоски кажа дека мора да се направат уставните измени за да се почнат преговорите со ЕУ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека во Брисел има слух за ставот на Владата за уставни измени со одложено дејство. Муртезани на денешниот брифинг со новинарите кажа дека после вчерашната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дел Лајен има простор за понатамошни преговори.

    Условот да се направат уставните измени опстојува и без него не можеме да продолжиме. Неодбивањето на предлогот на Владата за уставни измени со одложено дејство остава простор за понатамошни преговори и изнаоѓање решение. Остава простор тоа да се реализира за една недела откако ќе завршат изборите во Бугарија кои се одржуваат в недела. Има слух во Брисел да не се дозволи билатеризација на процесот за членството на земјава во Европката унија“, кажа Муртезани.

    Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен вчера во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ЕУ има јасна цел, а тоа е што е можно поскоро да се отвори кластерот фундаментални вредности во пристапните преговори на Македонија во Унијата.

    Речиси сме таму, треба да поминат уставните измени кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен приоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа“, рече Фон дер Лајен.

    Тој рече дека неговото Министертвото во наредниот период сериозно ќе биде на реализација на реформската агенда 2024-2027 односно реализација на реформите за членство во ЕУ. Вели дека ќе им дали црвени картони на Министерствата кои нема да ги исполнуваат задачите. 

    Купив црвен, жолт и зелен картон кои ќе ги добиваат оние кои ќе ги исполнуваат или нема да ги исполниваат задачите. Со врвените картони кои ќе ги давам сакам да му посочам на премиерот каде нема исполнување на задачите и со тоа ќе се направи притисок институциите да работат“, рече Муртезани.

    Тоа што не се почнати преговорите со ЕУ поради неисполнување на условот во преговарачката рамка за внесување на Бугарите во Уставот, Муртезани вели дека не е пречка да се реализираат реформите и да се користат парите од европските фондови.

    Уставните измени се пречка за продолжување на преговорите со ЕУ, не се пречка за остварување на реформската агенда“, рече Муртезани, негирајќи исто така дека имало некакви дополнителни услови за добивање на фондовите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира