НАД 2.700 ЛЕКАРИ ВО СЛОВАЧКА НАЈАВИЈА КОЛЕКТИВНА ОСТАВКА ДО 1 НОЕМВРИ АКО НЕ ИМ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ

    НАД 2.700 ЛЕКАРИ ВО СЛОВАЧКА НАЈАВИЈА КОЛЕКТИВНА ОСТАВКА ДО 1 НОЕМВРИ АКО НЕ ИМ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕВладата одбива да испочитува меморандум од 2022, со кој беа ветени повисоки плати за лекарите (Фото: Спектатор)

    Повеќе од 2.700 лекари од 34 болници во Словачка планираат да поднесат оставка до крајот на месецот, изјави шефот на Здружението на синдикатите на лекарите, Петер Висолајски.

    Работите почнуваат да се придвижуваат дури кога оставките се на масата“, кажа Висолајски.

    Оставките се поттикнати од одбивањето на владата да испочитува меморандум од 2022, со кој беа ветени повисоки плати за лекарите. Договорот што го прифати тогашниот премиер Едвард Хегер предвидуваше постепено зголемување на платите, што сега е запрено од владата на Роберт Фицо. Додека беше во опозиција, Фицо ги поддржуваше барањата на лекарите, но потоа го промени ставот.

    Лекарите бараат и повеќе словачки студенти да добиваат можност да студираат медицина во Словачка, каде што во моментов 40 отсто од студентите по медицина се странски државјани. Бараат и реформа на процесите за сертификација на лекарите и зголемување на бројот на медицински сестри во болниците.

    Се надеваме дека владата ќе дејствува во следните денови. Ја повикуваме владата да се сретне со нас за да го решиме проблемот пред болниците да останат без персонал“, кажа Висолајски.

    Ваква ситуација во Словачка имаше и во 2011, кога над 2.000 лекари ги напуштија болниците, пред да биде постигнат договор во последен момент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира