НАД 50 МРТВИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ШПАНИЈА, НАЈКРИТИЧНО Е ВО РЕГИОНОТ ВАЛЕНСИЈА

    НАД 50 МРТВИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ШПАНИЈА, НАЈКРИТИЧНО Е ВО РЕГИОНОТ ВАЛЕНСИЈАВо регионот Валенсија е прогласена тревога од највисок степен (Фото: АП)

    Повеќе од 50 луѓе загинаа по поплавите во југоисточна Шпанија, објавија властите. Земјата ја погоди силно невреме, кое донесе поројни дождови и поплави во неколку региони.

    Спасувачката акција е во тек и претседателот на регионот Валенсија, Карлос Масон, кажа дека е невозможно да се даде точната бројка мртви во овој момент. Досега е потврдено дека загинале 51 лице, но се очекува оваа бројка да расте зашто има и исчезнати.

    „Некои луѓе остануваат изолирани во непристапни подрачја. Патишта и градови се под вода“, изјави Масон.

    Снимки објавени на социјалните мрежи покажаа како напливот на вода уништува мостови и влече автомобили по улици, додека луѓе се држат за дрвја за да не бидат однесени. Итните служби примиле стотици повици за помош од заглавени луѓе во поплавените области.

    Шпанската метеоролошка служба соопшти дека во градот Чива во Валенсија наврнале 491 милиметар дожд за осум часа вчера, што е рамно на годишно количество дожд. Во регионот Валенсија е прогласена тревога од највисок степен.

    Возовите меѓу Мадрид и Барселона се откажани поради поплавите, а во најпогодените подрачја се затворени училиштата и други служби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира