ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ЈА ГРАБНАЛ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ ИАКО ТАА СИ ГИ ПРЕСЕКЛА ВЕНИТЕ

    ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ЈА ГРАБНАЛ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ ИАКО ТАА СИ ГИ ПРЕСЕКЛА ВЕНИТЕНасилникот додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за противправно лишување од слобода и нанесување телесна повреда  откако на 21 октомври крвнички ја претепал поранешната девојка во неговата викендица во битолското село Ниже Поле.

    Според соопштението на Обвинителството, осомничениот на свиреп начин извршил семејно насилство врз битолчанката противправно држејќи ја затворена, а потоа и телесно ја повредил.

    „Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Ниже Поле, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Девојката не можела повеќе да го издржи неговото насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди“, се вели во соопштението.

    По насилствот, насилникот побегнал.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира