„ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ БАРА ДА СЕ ЗАБРАНИ ВНЕСУВАЊЕ НОВИ ЖИВОТНИ ВО ЗООЛОШКАТА, СОВЕТНИЦИTE ВО ГРАД СКОПЈЕ ЈА ОДБИЈА ИНИЦИЈАТИВАТА

    „ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ БАРА ДА СЕ ЗАБРАНИ ВНЕСУВАЊЕ НОВИ ЖИВОТНИ ВО ЗООЛОШКАТА, СОВЕТНИЦИTE ВО ГРАД СКОПЈЕ ЈА ОДБИЈА ИНИЦИЈАТИВАТАСкопската Зоолошка градина сè уште е затворена за посетители откако на 19 октомври беше откриен случај на причји грип кај една гуска.(Фото: СДК.МК)

    Советничката група на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за воведување мораториум за внесување нови животни во Зоолошката градина. Иницијативата се разгледуваше на вчерашната седница, но за неа гласаа само 4 советници, десет беа против, а 8 воздржани, со што таа не беше усвоена.

    Од „Зелен хуман град“ велат во скопската Зоолошката постојано угинуваат животни и состојбата од ден во ден се влошува. За да не дојде до нови случаи на угинати животни, тие побараа покрај воведување мораториум, градоначалничката Данела Арсовска заедно со стручните служби да постави предлог-одлука со мерки за решавање на ваквата состојба.

    Според достапните инфоrмации, во Зоолошката градина во 2022 и 2023 година угинале 18 животни. Бевме сведоци и на масовно колење на 10 коњи со образложение дека биле болни. Во сите овие случаи никој не поднесе одговорност ниту имаше правна разрешница. Дополнително, скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членство во ЕАЗА затоа што не ги исполнува стандардите потребни за членство“, стои во иницијативата на „Зелен хуман град“.

    Скопската Зоолошка градина сè уште е затворена за посетители откако на 19 октомври беше откриен случај на причји грип кај една гуска. Превентивно инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство убија уште 4 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка. Зоолошката доби забрана за работа од 21 ден.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира