ДВЕ УБИСТВА ВО ЕДЕН ДЕН – ВО ШТИП УБИЕНА 29-ГОДИШНА ЖЕНА, А ВО АРАЧИНОВО ПУКАНО ВО ТАТКО И СИН, РОДИТЕЛОТ ПОЧИНАЛ

    ДВЕ УБИСТВА ВО ЕДЕН ДЕН – ВО ШТИП УБИЕНА 29-ГОДИШНА ЖЕНА, А ВО АРАЧИНОВО ПУКАНО ВО ТАТКО И СИН, РОДИТЕЛОТ ПОЧИНАЛОсомничениот убиец во Штипската полиција се пријавил сам, а еден од убијците од „аудито“ во Арачиново, е уапсен (Фото:СДК.МК)

    Две убиства се случија вчера, на 1 ноември. Прво штипјанец пријавил дека ја убил 29-годишната партнерка и ја однел полицијата кај телото.

    Потоа жителите на Арачиново биле вознемириле од пукање. Од возило во движење, биле застрелани татко и син. Родителот починал во Ургентниот центар во Клиничкиот центар во Скопје, синот е уште таму.

    Дежурниот јавен обвинител веќе ги зел трагите од местото каде што била убиена жената. Осомничениот кој тврди дека е убиецот, Ф.З. (25), е уапсен уште синоќа.

    Телото на убиената е дадено на обдукција, набрзо ќе се знае и мотивот за убиството. Ф.З. ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.

    За убиството и ранувањето во Арачиново, од МВР има информација дека во жртвите било пукано од автомобил „ауди“, во кои имало две лица. Едното веќе е уапсено. Се работи за нерасчистени должничко-доверителски односи, рекоа денеска од Министерството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира