29 ГОДИНИ ЈА ГЛЕДАВМЕ И ЈА ЛЕЧЕВМЕ ОД ЕПИЛЕПСИЈА, СЛУШАВМЕ ДЕКА ЈА ТЕПАЛ И СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, ВЕЛИ ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ДЕВОЈКА ОД ШТИП

    29 ГОДИНИ ЈА ГЛЕДАВМЕ И ЈА ЛЕЧЕВМЕ ОД ЕПИЛЕПСИЈА, СЛУШАВМЕ ДЕКА ЈА ТЕПАЛ И СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, ВЕЛИ ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ДЕВОЈКА ОД ШТИПШтипјани знаат дека дрвосечачот Слободан откажувал порачки само заради тоа што морал да ја чува својата ќерка. (Фото: СДК.МК)

    Во излетничкото место Суитлак, стотина метри над Зоолошката градина во Штип, се наоѓа куќата на Слободан Пешов, познат дрвосечач од Штип, а по веста дека неговата ќерка е убиена само рече „златна ќерка ми отепаа“.

    „Со сопругата 29 години ја чувавме. Беше болна од епилепсија. Ја гледавме и лечевме со години. Знаевме дека се дружи со пријателот кој ширел информации дека ѝ е маж, а не ѝ беше. Слушавме само дека ја тепал и се заканувал дека ќе ја убие, а таа ништо не ни кажуваше. Сакаше да биде сакана и беше добра со сите. За ова го информиравме Центарот за социјални работи, но и полицијата. Како се случило убиството не знаеме. Полицијата само ни ја соопшти лошата вест. Од болеста да умреше, ама вака“, со солзи во очите ни зборуваше таткото Слободан.

    Тој и неговата сопруга бараат најстрога казна за убиецот. Како што велат, и да биде осуден на неколку години, тој пак ќе стори нешто вакво на некој друг човек. Затоа не треба да се има милост за вакви луѓе, посебно ако се знае дека е затвореник повратник. Лежел во затвор повеќе од 7 години.

    Убиството се случило на 1 ноември околу 20 часот, во истата населба каде што живеела девојката. Случајот го пријавил сторителот Ф.З (25) кој кажал во полицијата каде се наоѓа мртвото тело на убиената. Осомничениот веднаш по пријавувањето е уапсен, а телото на убиената било дадено на обдукција.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира