АХМЕТИ ЧЕКА ПИСМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД СДСМ ПРЕД ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОТПИСИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АХМЕТИ ЧЕКА ПИСМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД СДСМ ПРЕД ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОТПИСИТЕ

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека чека писмени материјали од СДСМ за да закаже централно претседетелство на партијата и само ако добие писмени материјали за тоа што преговарале и се договорале со СДСМ ќе му ги даде потписите на Зоран Заев за формирање влада.

    Ахмети по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во Собранието на прашањето какви писмени материјали очекува од СДСМ одговори:

    „Не се лутете, ние секако чекаме на писмено некои работи од СДСМ. Без да има материјали, не може да се закаже претседателство, ниту да одлучи ДУИ и оваа седница на  претседателството ќе трае многу подолго од неговите досегашни седници“.

    Лидерот на ДУИ кажа и дека паралелно со СДСМ, се уште разговара и со ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира