ЖОЛТИТЕ КОМБИЊА НА ГРУЕВСКИ СТАНАА ДРОНОВИ НА МИЦКОСКИ, ПРЕМИЕРОТ ЖИВЕЕ ВО ПАРАЛЕЛЕН УНИВЕРЗУМ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЖОЛТИТЕ КОМБИЊА НА ГРУЕВСКИ СТАНАА ДРОНОВИ НА МИЦКОСКИ, ПРЕМИЕРОТ ЖИВЕЕ ВО ПАРАЛЕЛЕН УНИВЕРЗУМ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕМицкоски во четвртокот на собраниска седница, а потоа и на брифинг со новинари кажа дека додека биле во опозиција АНБ го следела секое негово движење и го снимала со дронови.(Фото: К.Попов)

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека премиерот Христијан Мицкоски живее во паралелен универзум и лаже дека бил следен со дронови додека бил во опозиција. Тој во четвртокот на собраниска седница, а потоа и на брифинг со новинари кажа дека додека биле во опозиција, власта на СДСМ и ДУИ го следела секое негово движење и го снимала со дронови.

    Жолтите комбиња станаа дронови, во друг дел на собраниската седница видовме дека шилото стана црвче. Премиерот откако е на функција како да живее во некој паралелен универзум, некои работи само тој ги гледа. Виде мито за пругата кон Бугарија, велеше се подготвува дестабилизација на државата, која ја нема, „Бехтел и Енка“ беше коруптивен скандал, па сега се слика и повикуваат на промоција. Тој измамнички пристап е карактеристичен за луѓе кои неможат да се носат од функцијата“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски, на денешната прес-конференцијата за предлог-закон за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 проценти на 0 проценти за над 250 категории производи. 

    Мицкоски вели дека ќе чека декласификација на документите во Агенцијата за национална безбедност за да ги објави овие тврдења во јавност. Тој бил иформиран дека бил третиран како терорист, постојано го снимале и го документирале секое негово движење, дури и со дронови. Тој на брифинг со новинари во петокот кажа дека неговото име било поприсутно во белешките на АНБ и Агенцијата за разузнавање, дури и од оние на познати криминалци од подземјето. Директорот во тоа време како причина за следењето со дронови навел дека Мицкоски ја загрозувал безбедноста.

    Избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во 2015 година на прес-конференција непосредно пред СДСМ да почне да ги објавува бомбите од прислушуваните разговори, тврдеше дека странски служби со жолти комбиња паркирани во близина на владини објекти преку двојни базни станици го прислушувале.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира