ПОКРАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ, АМЕРИКАНЦИТЕ ИЗБИРААТ И НОВ СОСТАВ НА КОНГРЕСОТ, ИСХОДОТ И ТУКА Е КРАЈНО НЕИЗВЕСЕН

    ПОКРАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ, АМЕРИКАНЦИТЕ ИЗБИРААТ И НОВ СОСТАВ НА КОНГРЕСОТ, ИСХОДОТ И ТУКА Е КРАЈНО НЕИЗВЕСЕНГласачките места во најголем дел ќе бидат затворени до пет часот по македонско време (Фото: Гети)

    Во американските сојузни држави постепено почнаа да се отвораат гласачките места, а покрај тоа кој ќе биде новиот претседател, Американците решаваат и која партија ќе има контрола во Сенатот и Претставничкиот дом. Исходот ќе има важна улога во тоа колку лесно идниот претседател би можел да владее до следните избори за Конгресот во 2026.

    Непартиските анализи велат дека Републиканците имаат добри шанси да го освојат Сенатот, каде што Демократите сега имаат мнозинство од 51-49. Но, Републиканците во исто време би можеле да ја изгубат контролата во Претставничкиот дом, каде што на Демократите им требаат само четири места за да имаат мнозинство.

    Како и на претседателските избори, за исходот исто така би можел да одлучи мал број гласачи.

    „Неверојатно е тесно“, изјави аналитичарката Ерин Кови.

    Без разлика кој ќе победи на изборите за Белата куќа, ќе биде испишана историја: со 78 години, Доналд Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата, додека Камала Харис ќе биде првата жена на оваа функција.

    Гласачките места во најголем дел ќе бидат затворени до пет часот по македонско време, со исклучок на Хаваи и Алјаска, каде што ќе бидат отворени уште некое време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира