КАВАДАРЦИ СЕ ЗАДУШИ, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАВАДАРЦИ СЕ ЗАДУШИ, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    Повеќе од десет пати над максималната граница за присуство на ПМ 10 честички во воздухот пропишана од Европската унија се измерени вечерва во Кавадарци, еден од најзагадените градови во државата. Реагираат граѓани, реагираат и од Еколошкото друштво „Еко-живот”.

    „Да се иницира нова стратегија за животна средина за Кавадарци за долгорочно решавање на аерозагадувањето во градот. Моменталните и парцијални интервенции се со краток рок и со минимален ефект, кој ќе резултира наредната зима пак да го имаме истиот проблем со поголеми коефициенти“, велат од овој регионален еко центар, член на Друштвото на екологистите на Македонија.

    Екологистите браат конструкција на нов Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Кавадарци  за наредните 15-20 години.

    „Ние се јавуваме како  иницијатор и координатор, а реализатор на новиот ЛЕАП во соработка со Секторот за животна средина при локалната самоуправа треба да се градоначалникот и Советот  на градот. Така е во нормално и свесно општество, така треба да биде, но бидејќи виши калкулации се во прашање, да ја видиме нивната реакција“, велат во еколошкото друштво.

    Тие повикуваат да  се закаже нова јавна расправа за подигање на јавната свест на населението и намалување на аерозагадувањето, за да се дочека наредната зима со помало загадување.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира