Републиканската партија ја поврати контролата врз Сенатот по четири години пауза, иако сѐ уште се чекаат резултатите за седум места. Таа веќе го има потврдено потребното мнозинство од 51 место, со што Демократите го изгубија своето досегашно ефективно мнозинство од само еден сенатор.
Демократите засега имаат 42 места, додека еден сенатор, кој седи со Демократите, е независен.
Републиканците го направија пресвртот во горниот дом на Конгресот откако победија во Западна Вирџинија и Охајо, чии сенатори досега беа од редовите на Демократите.
Ако Доналд Трамп победи на претседателските избори, Сенатот во кој доминираат Републиканците ќе може да ги потврдува неговите избори за судии и номинираните функционери во неговиот кабинет.
Што се однесува до Претставничкиот дом, засега не е јасно кој ќе има мнозинство, иако Републиканците имаат победено на неколку места што би можело да им овозможи да ја зголемат својата контрола во долниот дом.