МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЈА УБИЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ВО ДОРТМУНД ПРЕД ТРИТЕ МАЛИ ДЕЦА

    МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЈА УБИЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ВО ДОРТМУНД ПРЕД ТРИТЕ МАЛИ ДЕЦАпоред „Билд“, двојката неколкупати била на суд поради пријави за семејно насилство. (Фото: Билд)

    Македонски државјанин ја избодел поранешната сопруга во Дортмунд, која неодамна го напуштила поради семејно насилство и сакала да започне нов живот со своите три деца на возраст од 3, 4 и 6 години, објави германскиот весник „Билд“.

    На 4 ноември убиецот ја избодел 30-годишната жена со кујнски нож долг 30 сантиметри пред очите на нејзините деца. По нападот, тој избегал, а децата ги повикале на помош соседите.

    Според „Билд“, двојката неколкупати била на суд поради пријави за семејно насилство. На крајот на октомври таа се преселила во нов стан во Дортумунд со нејзините три деца.

    Убиецот побегнал со автомобил и набргу потоа бил фатен на автопатот во близина на Вирцбург, се претпоставува дека сакал да побегне во Македонија. Полицијата и јавниот обвинител соопштија дека окружниот суд во Ерланген  издаде налог за апсење. Тој моментално е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.

    Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани на Детска клиника.

    „Изворите велат дека децата не се повредени. Ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка“, пишува „Билд“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира