ВО ФОАЈЕТО НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ИЗЛОЖЕНА ТРАЈНАТА ПОСТАВКА СО ОСВОЕНИ НАГРАДИ, ПЛАКЕТИ И СТАТУЕТКИ

    ВО ФОАЈЕТО НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ИЗЛОЖЕНА ТРАЈНАТА ПОСТАВКА СО ОСВОЕНИ НАГРАДИ, ПЛАКЕТИ И СТАТУЕТКИТеатарот во 80-годишното постоење е добитник на бројни награди и признанија како: „11 Октомври“, „Климент Охридски“, „4 Ноември“, Стериини награди, „Војдан Чернодрински“. (Фото: СДК.МК)

    Над 160 награди, плакети и статуетки освоени низ годините од Народниот театар од Битола и неговите театарски работници се изложени во фоајето на оваа театарска куќа. Театарот во 80-годишното постоење е добитник на бројни награди и признанија како: „11 Октомври“, „Климент Охридски“, „4 Ноември“, Стериини награди, „Војдан Чернодрински“.

    Поставката ќе биде трајна, а е дел од празничната програма со која се одбележуваат 80 години постоење на Битолскиот театар. Роденденската претстава е на 14 ноември, кога пред 80 години беше формиран театарот со изведба на едночинката „Ѓоре Магарески“ од Владо Малески. Овој пат претставата се вика „Ѓоре Магарески- 80 години потоа“, ја режираат тројца режисери и вклучена е голема театарска екипа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира