ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ ОТКАКО ШОЛЦ ГО СМЕНИ МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ

    ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ ОТКАКО ШОЛЦ ГО СМЕНИ МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИШолц го обвини министерот Линднер дека ги ставил интересите на неговата парти)а пред оние на државата (Фото: Шатерсток)

    Германската владејачка коалиција се наоѓа во сериозна криза откако канцеларот Олаф Шолц го смени министерот за финансии Кристијан Линднер и кажа дека ќе се гласа за доверба на владата на 15 јануари. Шолц изјави дека веќе нема доверба во Линднер, кој е лидер на партијата Слободни демократи, која беше дел од коалицијата.

    Овој потег значи дека владата на Шолц веќе нема мнозинство во парламентот и ако не ѝ се изгласа доверба, Германија би можела да оди на предвремени избори во март.

    Таканаречената коалиција „Семафор“, составена од три партии, ја води Германија од 2021, но во изминатите недели се засилуваа внатрешни тензии.

    Линднер ја изневери мојата доверба и ги стави интересите на неговата партија пред оние на државата. Германија мора да покаже дека други држави можат да се потпрат на неа“, кажа Шолц.

    Линднер го обвини Шолц дека ја води Германија кон неизвесност.

    Германија се соочува со втора година по ред без економски раст. Шолц и партнерите од Партијата на зелените сакаат да се справат со ова со олеснување на уставните правила за јавен долг, така што ќе се дозволи повеќе трошење. Линднер, пак, сака да ги покрие даночните намалувања со кратење на буџетите за социјална помош и со отфрлање на еколошките цели.

    Министерот за економија Роберт Хабек кажа дека Партијата на зелените ќе остане во владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира