ГУЖВИ И ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА ЗА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

    ГУЖВИ И ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА ЗА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИБитолчани се жалат на лоша организација и гужва пред пунктовите каде се доделуваат ваучерите. (Фото: СДК.МК)

    Гужва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Стотици граѓани утрово дојдоа да ги подигнат ваучерите за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди што го доделува Министерството за енергетика.

    Битолчани се жалат на лоша организација и гужва пред пунктовите каде се доделуваат ваучерите. Граѓаните се прозиваат по азбучен ред, но внатре нема уред за озвучување, а толпата и вревата се големи што не се слушаат имињата. Пред Спортската сала имаше дури и полициско возило.

    На интернет страницата на Министерството за енергетика е објавено дека доделувањето на ваучерите за општините Битола, Новаци и Могила ќе се изврши денес во Спортската сала во Битола од 9 до 17 часот без да бидат објавени листи по азбучен ред на избраните физички и правни лица и во кое време да дојдат, па така сите избрани субјекти нагрнаа во исто време уште од 9 часот утрово.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира