АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ОДБИ ДА ЈА ВРАТИ ВО СИЛА ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"СанФранциско,(АП)

    АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ОДБИ ДА ЈА ВРАТИ ВО СИЛА ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

    Федерален апелационен суд одби да ја врати во сила забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез во САД на граѓани од седум земји со доминантно муслиманско население, нанесувајќи уште еден правнички удар на новата имигрантска политика на новата администрација во Вашингтон.

    Со едногласна одлука, судскиот совет од Федералниот апелационен суд во Сан Француско одби да ја поништи одлуката на понизок суд со која беше суспендирана забраната и им дозволи на лицата на кои претходно им беше забранет влез да влезат во САД.

    На одлуката на овој суд е можна жалба до Врховниот суд.

    Доналд Трамп изгледа дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд, бидејќи набрзо по одлуката на федералниот апелационен суд, на Твитер објави: „СЕ ГЛЕДАМЕ НА СУД, БЕЗБЕДНОСТА НА НАШАТА НАЦИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира