УКРАИНА ЛАНСИРАШЕ НАД 30 ДРОНОВИ КОН МОСКВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ ВАКОВ НАПАД ДОСЕГА

    УКРАИНА ЛАНСИРАШЕ НАД 30 ДРОНОВИ КОН МОСКВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ ВАКОВ НАПАД ДОСЕГАПротиввоздушната одбрана соборила 34 дронови кои летале кон Москва (Фото: Телеграм)

    Украина денеска ја нападна Москва со најмалку 34 дронови, што е најголемиот напад врз руската престолнина од почетокот на војната и доведе до пренасочување на летови од три градски аеродроми.

    Противвоздушната одбрана соборила 34 дронови кои летале кон Москва преку окрузите Раменскоје и Коломенски, како и во градот Домодедово, каде што се наоѓа еден од најголемите московски аеродроми, објави руското министерство за одбрана. Градоначалникот Сергеј Собјанин додаде дека немало значајни штети, но едно лице било повредено. Аеродромите во меѓувреме продолжиле со нормалната работа.

    Последниот голем напад со дронови насочен кон Москва се случи во септември, кога, како што кажаа властите, биле уништени 20 беспилотни летала.

    Некои функционери велат дека две и полгодишната војна во Украина влегува во својот, можеби, завршен чин, откако руските сили во изминатите месеци напредуваа со најбрзото темпо уште од раните денови на војната, а Доналд Трамп беше избран за претседател на САД. Тој кажа дека ќе ја заврши војната за еден ден, но не откри како.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира