ЉУТКОВ И КИМОВСКИ ЌЕ БАРААТ ВИНОВНИК ЗОШТО МНТ, ИЗГРАДЕН ЗА 40 МИЛИОНИ ЕВРА, Е ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБА

    ЉУТКОВ И КИМОВСКИ ЌЕ БАРААТ ВИНОВНИК ЗОШТО МНТ, ИЗГРАДЕН ЗА 40 МИЛИОНИ ЕВРА, Е ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБАМинистерот за култура Љутков и в. д. директорот Кимовски при денешната обиколка низ МНТ. (Фото: К. Попов)

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека в. д. директорот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Кимовски треба да ги испита работите и да покрене постапка за одговорност зошто најголемата објектот на театарска куќа е во очајна состојба и се распаѓа. Oбјектот во центарот на Скопје, како дел од проектот „Скопје 2014“ беше отворен во 2013, и чинеше 40 милиони евра.

    Љутков денеска го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е пресреќен, откако ги видел пробите за неколку претстави во тек, а од другата е ужаснат и шокиран.

    „Оваа ситуација, со овој распаднат театар трае веќе 7, 8 години. Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари“, рече Љутков.

    На новинарско прашање дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, министерот рече дека состојбите за театарот најдобро ги знае директорот, како се правени постапките и зошто е правено и оти се надева оти ќе се најде кривецот.

    „Ќе барам лична одговорност за оваа ситуација“, кажа министерот.

    Кимовски му се заблагодари на министерот за посетата и кажа дека ова прва посета на министер на МНТ, но и според објавите на САКАМДАКАЖАМ.МК , и според извори на МНТ, сите претходни министри досега беа во обиколка на МНТ.

    „Состојбата е очајна, објектот од непознати причини е оставен бавно, но сигурно да пропаѓа, да не кажам да умира“, рече Кимовски.

    Кофата во фоајето стои скоро 7 години. (Фото: К. Попов)

    Во декември 2017, тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски најави дека изведувачите, надзорните органи и стручните служби во Министерството за култура и во други министерства ќе понесат одговорност за неквалитено градење на Македонскиот народен театар (МНТ) и во Археолошкиот музеј. Тој рече и дека Министерството за култура ќе истражува кој и зошто не ги извел квалитетно градежните работи и ќе поднесе тужби за сите ситуации каде што функционирала криминалата мрежа на нестручно градење објекти.

    Алаѓозовски тогаш најави формирање на подкомисија на работната група на „Скопје 2014“ која ќе се состои од градежни и машински инженери, како и од архитекти, кои треба да утврдат колку се безбедни тие објекти.

    Оттогаш, во Министерството за култура дојда уште четворица министри, Асаф Адеми, Хусни Исмаили, Ирена Стефоска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, но никој од нив не излезе со извештај за безбедноста на културните објекти од „Скопје 2014“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира