ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРВПАТ ИЗБОРИ ПЛАСМАН ВО Б-ДИВИЗИЈАТА НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

    ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРВПАТ ИЗБОРИ ПЛАСМАН ВО Б-ДИВИЗИЈАТА НА ЛИГАТА НА НАЦИИМакедонија има шанса да игра во баражот за Светското првенство 2026 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во Б-дивизијата на Лигата на нации на УЕФА откако вчера ја победи Летонија со 1:0. Единствениот гол на мечот во Скопје го постигна Никола Серафимов во 37. минута.

    Македонија има скор од четири победи и едно реми по пет одиграни меча во групата Ц4 и в недела уште треба да ја нагости селекцијата на Фарски Острови. Без разлика на исходот на оваа средба, Македонија веќе ги потврди првото место во групата и пласманот во повисок ранг на натпреварувањето, бидејќи има седум бода повеќе од следниот противник. Ерменија и Летонија имаат само по четири бода.

    Сепак, победа против Фарски Острови не би била само формална зашто Македонија преку Лигата на нации има шанса да избори пласман во баражот за Светското првенство во 2026 година. Македонија моментално е најдобро рангирана меѓу селекциите од Ц-дивизијата. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира