Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар, објави Алијансата. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте.
Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава.