АПАСИЕВ И КРМОВ СЕ КОШКАА И ТУРКАА СО ПОЛА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ, ГИ РАЗДВОИ СОБРАНИСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

    АПАСИЕВ И КРМОВ СЕ КОШКАА И ТУРКАА СО ПОЛА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ, ГИ РАЗДВОИ СОБРАНИСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕДодека едни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го навредуваа Апасиев од место со најпогрдни зборови и го исмеваа, тој ги пцуеше и во еден момент мавна со слушалки по пратеникот Зоранчо Јованчев кој му се приближи во пратеничката клупа со тајфа зад себе. (Фото: Принтскрин од видео)

    Пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица за туркаа и кошкаа со пола пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за опозициони пратенички прашања. Додека едни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го навредуваа Апасиев од место со најпогрдни зборови и го исмеваа, тој ги пцуеше и во еден момент мавна со слушалки по пратеникот Зоранчо Јованчев кој му се приближи во пратеничката клупа со тајфа зад себе.

    Се скошка Апасиев со неколку пратеници, Крмов ги двоеше. Спикерот Африм Гаши го повика собраниското обезбедување кое интервенираше, по што даде пауза.

    Повод беа процедурални препирки, а за формата на пријавувањето на прашањата како требало да изгледа на овој нов и промотивен начин на пратенички прашања, претходно на говорница предавања држеше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Не се слушаше дали Апасиев му дофрла и што му дофрлува од место, но Мицевски од собраниската говорница го провоцираше и на моменти го омаловажуваше. Во салата, додека траеја провокациите и омаловажувањата од сопартијците, беше и премиерот Христијан Мицкоски.

    Претходно и министерката Сања Божиновска се однесуваше арогантно кон пратеник на СДСМ, кој ја праша за бугарското државјанство, а таа кажа дека имала само чешко. Кога ѝ забележа дека таа самата лично кажа пред целата јавност оти има и бугарско државјанство, а сега сака да им ја избрише меморијата на граѓаните, таа рече:

    „Јас околу моето државјанство одговорив. На разбран човек, не треба да му се кажува двапати“.

    Првата седница за пратенички прашања на крајот на октомври беше под секое ниво на комуникација. Денеска беше уште полошо. Следната редовна седница за поставување прашања на министрите и на премиерот од пратениците, ќе биде на 28 ноември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира