ВО ШТИП ДУВАШЕ ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 100 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, ОШТЕТЕНИ КОЛИ И ПОКРИВИ

    ВО ШТИП ДУВАШЕ ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 100 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, ОШТЕТЕНИ КОЛИ И ПОКРИВИВо текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина и над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво е падното врз кровот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“. И на двете места обично нема многу минувачи.

    Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби каде што се скршиле поголеми гранки од стари дрва биле оштетени паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

    Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип.

    И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи ваквото време во Штип и околината, и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат. Апел има и од ЗОО паркот каде има високи дрвја.

    Последната голема временска непогода со силен ветер во Штип се случи пред 30 години кога неколку лица загинаа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира