ПОЛИЦИЈАТА КАЈ КОЛЕГА ОД ТЕТОВСКО НЕПРОШТЕНО НАШЛА ПУШКИ, ПИШТОЛИ, БОМБИ, ОРУЖЈЕ, БАРУТ И КУРШУМИ ЗА КОИ НЕМАЛ ДОЗВОЛА

    ПОЛИЦИЈАТА КАЈ КОЛЕГА ОД ТЕТОВСКО НЕПРОШТЕНО НАШЛА ПУШКИ, ПИШТОЛИ, БОМБИ, ОРУЖЈЕ, БАРУТ И КУРШУМИ ЗА КОИ НЕМАЛ ДОЗВОЛАНеодамна МВР и обвинителството открија инспектори и полицајци кои со години работеле за нарко-босовите од Грчец, давајќи им информации за полициските акции, а потоа и полициски инспектор кој долго време продавал пакетчиња кокаин низ Скопје, Тетово и Куманово (Фото:СДК.МК)

    Продолжува чистката на МВР од криминалци-вработени, со тоа што обвинителството сега бара притвор за полицаец од непроштено, во чии куќи неговите колеги нашле арсенал недозволено оружје.

    Основното јавно обвинителство Тетово донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, во домот и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.

    При претрес врз основа на судска наредба, полицијата пронашла ловна пушка (карабин), 14  парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.

    ОЈО Тетово до надлежниот суд поднело предлог за определување мерка притвор за осомничениот полицаец.

    Пред десетина дена, полицијата и обвинителството открија инспектори и полицајци кои со години работеле за нарко-босовите од Грчец, давајќи им информации за полициските акции, а потоа и полициски инспектор кој долго време продавал пакетчиња кокаин низ Скопје, Тетово и Куманово.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира