РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА СО НАЈБРЗОТО ТЕМПО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА, ВЕЛАТ НОВИ АНАЛИЗИ

    РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА СО НАЈБРЗОТО ТЕМПО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА, ВЕЛАТ НОВИ АНАЛИЗИВо ноември, руските сили зазеле површина од 600 квадратни километри (Фото: АП)

    Руските сили овој месец напредувале во Украина со најбрзото темпо од почетокот на војната, велат анализи и воени блогери.

    Според некои руски и западни функционери, војната влегува во својата најопасна фаза, откако САД и сојузниците ѝ дозволија на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел.

    Русија има поставено неделен и месечен рекорд во големината на окупирана територија во Украина. Руската војска окупирала речиси 235 квадратни километри минатата недела, што е неделен рекорд во 2024“, вели извештај на независната руска медиумска група „Агентство“.

    Во ноември, руските сили зазеле површина од 600 квадратни километри, според податоците на „ДипСтејт“, група со тесни врски со украинската војска која проучува снимки од фронтот.

    Русија започнала побрзо да напредува во источна Украина во јули, паралелно со упадот на украинските сили во Курск и во меѓувреме, напредувањето уште повеќе се забрзало. Руските сили навлегуваат во градот Курахове, кој стои на патот кон логистичкиот центар Покровск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира