Судот во Делавер по вторпат ја блокираше рекордната исплата од 56 милијарди долари за шефот на „Тесла“, Илон Маск. Одлуката доаѓа по неколку месеци правна борба и иако исплатата беше одобрена од акционерите и директорите на компанијата летово.
Судијката Кејтлин Мекормик ја повтори својата претходна пресуда од јануари, велејќи дека членовите на управниот одбор биле под преголемо влијание на Маск.
„Акционерите би требало да ги контролираат гласовите на компанијата, не судиите“, реагираше Маск на Икс.
„Тесла“ најави дека ќе се жали на пресудата, опишувајќи ја како погрешна.
Мекормик кажа дека пакетот за компензација, кој првпат бил изгласан во 2018 година, би бил најголемиот досега за шефот на една акционерска компанија.
„‘Тесла‘ не успеа да докаже дека пакетот е фер. Исплатата не би требала да биде толку голема, и покрај креативните аргументи на адвокатите на фирмата“, рече таа.
Мекормик откри дека управниот одбор на „Тесла“ е преполн со блиски сојузници на Маск, како што е неговиот поранешен адвокат за развод.