ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА СОПСТВЕНИК НА ФИРМА КОЈ НАПЛАЌАЛ ПАРКИНГ НА ДИВО НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ЗАД ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА СОПСТВЕНИК НА ФИРМА КОЈ НАПЛАЌАЛ ПАРКИНГ НА ДИВО НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ЗАД ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“Обвинетитот поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице наплаќа 50 денари за 90 минути паркирање. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, државно земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“ користел како див паркинг за што и наплаќал.

    „Земјиштето е во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир. Обвинетиот во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето“, вели Обвинителството.

    Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана да го користи земјиштето, соопшти Обвинителството.

    Лани во мај, обвинителство поднесе Обвинителен предлог за две лице кои на диво со багер почнаа да градат паркинг во дворот на поликлиниката „Бит Пазар“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира