ПУТИН ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ НА ОРБАН ЗА БОЖИЌНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА

    ПУТИН ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ НА ОРБАН ЗА БОЖИЌНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНАОрбан го посети Путин во Москва во јули (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин ги поддржа напорите на Виктор Орбан да се постигне божиќно примирје во Украина и да се одржи голема размена на воени заробеници, објави Кремљ. Унгарија кажа дека Орбан му го пренесол овој предлог во телефонски разговор вчера, без да изнесе детали.

    Русија целосно ги поддржува напорите на Орбан, чија цел е мирно решение на војната“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Набргу потоа, Володимир Зеленски го критикуваше унгарскиот премиер, велејќи дека го поткопува западното единство и ги исмева унгарските мировни напори.

    Тажен сум што Зеленски ги отфрла нашите предлози“, рече Орбан.

    Песков кажа дека Русија никогаш не одбила да преговара и дека е спремна да продолжи со преговорите врз основа на Истанбулските договори од 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира