ДЕСЕТ ДЕНА ТЕЧЕ ВОДА И ПОПЛАВЕНА Е УЛИЦАТА НИКОЛА ПАРАПУНОВ ВО СКОПСКИ КАРПОШ 4, „ВОДОВОД“ НЕ ГО ПОПРАВА ДЕФЕКТОТ

    ДЕСЕТ ДЕНА ТЕЧЕ ВОДА И ПОПЛАВЕНА Е УЛИЦАТА НИКОЛА ПАРАПУНОВ ВО СКОПСКИ КАРПОШ 4, „ВОДОВОД“ НЕ ГО ПОПРАВА ДЕФЕКТОТЗа да се санира дефектот мора да се исклучи водоснабдувањето на цело Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Десет дена е поплавена улицата Никола Парапунов во Карпош 4 во Скопје кај стара телевизија, а ЈП „Водовод и канализација“ не го поправа дефектот. Поради дефект на водоводната мрежа секој ден се губи голема количина вода, но на терен не се интервенира. На улицата се поставени тараби во делот од каде тече вода, а покрај улицата Никола Парапунов поплавени се и околните улици.

    Според информации на САКАМДАКАЖАМ.МК ,станува збор за голем дефект односно на иста линија има дефект и кај мостот „Обединети Нации“ и на улицата Никола Парапунов. За да се санира дефектот мора да се исклучи водоснабдувањето на цело Скопје.

    Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Тони Миновски не одговараше на нашите телефонски повици и пораки за каков дефект станува збор, зошто не се санира и се дозволува десет дена да тече и да се губи вода.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира