СРПСКИТЕ ВЛАСТИ ШПИОНИРАЛЕ АКТИВИСТИ И НОВИНАРИ СО ИЗРАЕЛСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ДОМАШЕН СПАЈВЕР, ВЕЛИ „АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНАЛ“

    СРПСКИТЕ ВЛАСТИ ШПИОНИРАЛЕ АКТИВИСТИ И НОВИНАРИ СО ИЗРАЕЛСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ДОМАШЕН СПАЈВЕР, ВЕЛИ „АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНАЛ“Во два случаја бил употребен софтвер обезбеден од израелската компанија „Целебрите“ за да се отклучаат телефони пред да бидат хакирани (Фото: Профимедија)

    Српските власти инсталирале домашен шпионски софтвер на телефоните на десетици новинари и активисти, се вели во извештајот на организацијата „Амнести интернешнал“ објавен денеска, кој се повикува на дигитални форензички докази и сведочења од активисти кои рекле дека биле хакирани во последните месеци.

    Во два случаја бил употребен софтвер обезбеден од израелската компанија „Целебрите“ за да се отклучаат телефони пред да бидат хакирани. Српскиот спајвер, што „Амнести“ го нарекува „Новиспај“, потоа тајно направил слики од екранот на мобилните уреди, ги копирал контактите и ги поставил на сервер контролиран од владата, се вели во извештајот.

    Во повеќе случаи, активисти и еден новинар пријавиле знаци на сомнителни активности на нивните мобилни телефони откако имале разговори со српската полиција и безбедносните власти“, вели „Амнести“.

    Српските власти досега не ги коментирале овие наводи.

    Бројни агенции, меѓу кои и ФБИ, користат производи на „Целебрите“ за да отклучаат смартфони и да црпат докази од нив. Шефот на маркетингот на компанијата Дејвид Ги кажа дека ги истражуваат обвинувањата од „Амнести“.

    Ако овие обвинувања се покажат точни, тоа потенцијално би можело да биде во спротивност со нашиот договор за лиценца со крајниот корисник и ‘Целебрите‘ би можел да ја прекине употребата на својата технологија што ја користат српските власти“, кажа Ги.

    Според „Амнести“, Србија добила уреди за пробивање телефони од „Целебрите“ како дел од поширок пакет помош осмислен да ѝ помогне на земјата да ги исполни барањата за интеграција во Европската Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира