Башар ал-Асад кажа дека никогаш не мислел да избега од Сирија во првата негова изјава откако бунтовниците влегоа во Дамаск пред осум дена. Оваа негова изјава се појави на каналот на Телеграм што му припаѓа на сириското претседателство, иако моментално не е јасно кој го контролира каналот.
Во објавата се вели дека тој прво заминал во руска воена база во провинцијата Латакија за да ги надгледува борбените операции, но таму сфатил дека сириската војска ги напуштила своите позиции. Базата Хмеимим исто така се нашла на удар на дронови, по што Русите одлучиле да го префрлат Асад во Москва, беше објавено на Телеграм.
„Во ниеден момент не размислував да поднесам оставка или да бегам, ниту такво нешто ми беше предложено од некого“, стои во наводната изјава на Асад.
Ден по падот на Дамаск, Кремљ објави дека Владимир Путин им одобрил азил на Асад и на неговото семејство во Русија.