БРАТОТ НА КИМ ЏОНГ-УН УБИЕН СО ОТРОВНИ ИГЛИ ВО МАЛЕЗИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"КуалаЛумпур,(агенции)

    БРАТОТ НА КИМ ЏОНГ-УН УБИЕН СО ОТРОВНИ ИГЛИ ВО МАЛЕЗИЈА

    Отуѓениот полубрат на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун умре во Малезија, јави „Ројтерс“, цитирајќи малезиски функционер, кој вели дека неидентификуван Севернокореец, за кој се верува дека е Ким Џонг-нам, починал на пат за болница од аеродромот во Куала Лумпур понеделникот.

    Абдул Азиз Али, полицискиот началник во областа Сепанг, кажа дека идентитетот на починатиот не може да биде потврден. Вработен во итната помош во болницата во Путраџаја потврди дека примиле починат Кореец, роден во 1970 година со презиме Ким.

    Јужнокорејските медиуми јавија дека Ким бил отруен од две оперативки од Северна Кореја на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур во понеделникот. Јужнокорејската телевизија „Чосун“ објави дека постариот Ким, кој наводно никогаш не го сретнал лидерот на Северна Кореја, бил нападнат од две неидентификувани жени со „отровни игли“.

    Ким Џонг-нам, најстариот син на починатиот лидер на Северна Кореја Ким Џонг-ил, нема официјална функција и нема никаква улога во владеењето со Северна Кореја, но само неколку недели по назначувањето на неговиот помлад полубрат, тој го опиша режимот како „шега за надворешниот свет“ и кажа дека се противи на наследниот трансфер на власта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира