Дваесет и пет милиони жители на Бугарија и Романија од денеска можат слободно да патуваат низ Шенген зоната откако беа укинати и контролите на копнените граници.
Ова е нешто што долго се чекаше, имајќи предвид дека двете држави станаа членки на ЕУ пред 17 години, а преговорите за влез во Шенген ги започнаа во 2011. Европската комисија даде зелено светло минатиот месец откако Австрија го тргна ветото, со што Романците и Бугарите сега конечно можат да се чувствуваат како полноправни граѓани на Унијата.
Сепак, барем во првите шест месеци ќе се вршат случајни проверки на патниците на границата за да се спречат криминални активности, со посебен фокус на поголемите возила.
Шенген зоната беше востановена во 1985 и денес брои 29 земји, вклучувајќи ги и Исланд и Швајцарија, кои не се дел од ЕУ.