БАРСЕЛОНА ОД ДЕНЕСКА ГИ ЗАБРАНИ ГРЕАЛКИТЕ НА ГАС ЗА ТЕРАСИТЕ НА КАФЕАНИТЕ

    БАРСЕЛОНА ОД ДЕНЕСКА ГИ ЗАБРАНИ ГРЕАЛКИТЕ НА ГАС ЗА ТЕРАСИТЕ НА КАФЕАНИТЕГреалките на гас се забранети поради нивните емисии на јаглрод и придонесот за глобалното затоплување. (Фото: Ројтерс)

    Туристите во историскиот центар на Барселона до вчера уживаа во последните денови на греалките на гас за кафеанските тераси, пред нивната употреба да биде забранета поради нивните емисии на јаглерод. Забраната стапи на сила денеска, 1јануари, и е кулминација на долгогодишната битка меѓу градскиот Совет и рестораните кои стравуваат од загуба на бизнисот од клиентите кои ги избегнуваат местата за седење на отворено во текот на зимата.

    Мерката првпат беше воведена во 2018, но градскиот Совет дозволи постепено укинување, за да му даде време на угостителскиот сектор да се прилагоди.

    Електричните греалки со капацитет не поголем од 150 W/м2 сè уште ќе бидат дозволени помеѓу 1 ноември и 30 април, се вели во соопштението на градскиот Совет од 17 декември.

    Загреаните места за седење на отворено се веќе забранети во Франција, каде што групите за заштеда на енергија пресметаа дека нивната употреба во тераса од 75 м2 во текот на зимските месеци испушта јаглерод диоксид колку и автомобил кој ја обиколува земјината топка три пати.

    Обидот на Мадрид да ги забрани греалките на отворено беше спречен минатата година, откако локалниот суд пресуди дека градскиот Совет не обезбедил докази дека тие придонеле за глобалното затоплување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира