НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ЦЕТИЊЕ, УБИЕЦОТ Е ВО БЕГСТВО

    НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ЦЕТИЊЕ, УБИЕЦОТ Е ВО БЕГСТВОСе стравува дека бројот на убиени би можел да биде и поголем (Фото: РТВЦТ)

    Најмалку петмина луѓе се убиени во пукање во црногорскиот град Цетиње попладнево и полицијата и натаму трага по убиецот, кој е идентификуван како 45-годишниот Ацо Мартиновиќ. Се стравува дека бројот на убиени би можел да биде и поголем, објави црногорскиот весник „Вијести“.

    Мартиновиќ го почнал својот убиствен поход во едно кафуле, каде што убил тројца со огнено оружје, по што избегал. Две жртви на масовното убиство се малолетни.

    Вијести“ објави дека на убиството му претходела физичка пресметка, по што Мартиновиќ почнал да пука.

    Ја известуваме јавноста дека оваа ситуација не е последица на пресметка на организирани криминални групи. На терен се испратени единици на специјалната полиција. Убиецот е опасен и вооружен и бараме од граѓаните на Цетиње да бидат внимателни“, објави полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира