ГЕРМАНСКА ДВОЈКА ПРИЗНА ДЕКА УБИЛА ДВЕ УКРАИНСКИ БЕГАЛКИ ЗА ДА ИМ ГО УКРАДЕ БЕБЕТО

    ГЕРМАНСКА ДВОЈКА ПРИЗНА ДЕКА УБИЛА ДВЕ УКРАИНСКИ БЕГАЛКИ ЗА ДА ИМ ГО УКРАДЕ БЕБЕТОДвојката го извршила злосторството зашто очајнички сакала да има ќерка (Фото: ДПА)

    Германска брачна двојка призна дека во март 2024 убила 27-годишна бегалка од Украина и нејзината 51-годишна мајка за да ѝ го украдат бебето.

    Се каам за сѐ што направив“, рече мажот на првиот ден на судењето во Манхајм.

    Според јавното обвинителство, парот има вкупно четири деца, од кои еден син заедно. По неколку спонтани абортуси и неуспешниот третман за плодност, тие планирале да киднапираат новородено девојче и да го одгледаат како своја ќерка.

    Навистина сакавме да имаме заедно ќерка, тоа беше најсилната желба на мојата сопруга“, рече мажот.

    Нивна цел биле бегалците од Украина, па се приклучиле на група на Телеграм, нудејќи помош при превод.

    Младата Украинка живеела со мајка ѝ и со бебето во центар за бегалци во југозападниот германски град Вислох, кога стапила во контакт со парот. На 6 март 2024, тие ги дрогирале двете жени во ресторан, по што мажот ги убил со тап предмет на две одделни локации. Го фрлиле телото на бабата во езеро и го запалиле телото на мајката. Телото на 27-годишната жена го открил случаен минувач на брегот на Рајна следниот ден, по што полицијата ја уапсила двојката и го пронашла бебето на 13 март.

    Двојката оттогаш е во притвор, додека бебето е вратено во Украина под старателство на неговата тетка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира