НАСКОРО НОВ ТЕНДЕР ЗА ГРАДБА НА ДАЛЕКУВОДОТ ОД БИТОЛА ЗА АЛБАНИЈА, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ФИРМА НЕ ГО ИЗГРАДИ 4 ГОДИНИ

    НАСКОРО НОВ ТЕНДЕР ЗА ГРАДБА НА ДАЛЕКУВОДОТ ОД БИТОЛА ЗА АЛБАНИЈА, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ФИРМА НЕ ГО ИЗГРАДИ 4 ГОДИНИМЕПСО го раскина договорот со сараевската фирма „Енергоинвест“ која го имаше добиено тендерот за градба уште во 2020, но камен-темелникот за градба беше поставен во 2022. (Фото: СК.МК)

    Најмногу за два месеца ќе биде распишан нов тендер за избор на фирма која ќе го гради 400-киловолтниот далекувод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница, рече министерката за енергетика Сања Божиновска. Поради неисполнување на обврските, во декември 2024 државната компанија за пренос на електрична енергија АД МЕПСО го раскина договорот со сараевската фирма „Енергоинвест“ која го имаше добиено тендерот за градба уште во 2020, но камен-темелникот за градба беше поставен во 2022.

    „Се работи на новата тендерска документација, тоа е во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) . Се надеваме дека за најмногу два месеца ќе биде распишан новиот тендер и потоа се надеваме на успешно и навремено реализирање, бидејќи тоа ќе значи многу. Не сме поврзани само со Албанија, кога ќе се случи тоа, а Албанија понатаму и Црна Гора преку подводен канал со Италија ќе имаме можност за спојување на пазарите и со западните делови од Европа“, рече Божиновска.

    Директорот на МЕПСО Бурим Љатифи рече дека овој проект за нив е од врвен приоритет. Претходниот договор морале да го раскинат зашто бие реализирани само минимални работи и досатавена опрема.

    „Интензивно работиме на тендерската постапка со цел нејзино објавување во побрз можен рок и изградба на интерконекцијата Битола- Елбасан“, рече Љатифи.

    Сараевската компанија тендерот го доби во 2020, со рок за завршување од 30 месеци. Тој рок истече на 30 мај 2023, а далекуводот не беше изграден.

    Божиновска и Љатифи присуствуваа во Битола на пуштање нов трансформатор за стабилен пренос на електрична енергија во југозападна Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира