ДЕНЕСКА СТУДЕНО СО ПОВРЕМЕН СНЕГ, СООБРАЌАЈОТ НОРМАЛЕН ЗА ЗИМСКИ УСЛОВИ

    ДЕНЕСКА СТУДЕНО СО ПОВРЕМЕН СНЕГ, СООБРАЌАЈОТ НОРМАЛЕН ЗА ЗИМСКИ УСЛОВИДеца играа во Гракдскиот парк на првиот снег во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. И во Скопје денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремен слаб снег и слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидромеетеоролошки работи (УХМР).

    Температурата денеска е од -9 до 3 степени Целзиусови, и утре ќе биде иста, ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб северен ветер.
    Следните денови нема да врне снег, минималните температури ќе се спуштат и до -11 степени, а максимална дневна до 7.

    Од 07:30 часот е воведена забрана за за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Делчево-граничен премин Делчево. Според ЈП „Македонија пат“, забраната е воведена од превентивни причини за безбедно одвивање на сообраќајот.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, вели АМСМ. Од 06:30 часот е нормализирано движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од клучка Демир Капија до клучка Смоквица.

    Активни забрани за движење на камиони има патните правци Гостивар–Маврово–Дебар, Гостивар–Стража–Кичево, на Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга–граничен премин Ќафасан, Тетово–Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Струмица–Берово.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира