ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НЕ НОСИ ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ, ТОА ПРАШАЊЕ Е РЕШЕНО, ВЕЛИ ГАШИ ЗА НЕРАЗРЕШУВАЊЕТО НА ИЛИРЕ ДАУТИ

    ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НЕ НОСИ ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ, ТОА ПРАШАЊЕ Е РЕШЕНО, ВЕЛИ ГАШИ ЗА НЕРАЗРЕШУВАЊЕТО НА ИЛИРЕ ДАУТИНа Даути ѝ беше изгласана интерпелација во Собранието поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа. - Африм Гаши (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека прашањето во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути е решено, бидејќи, како што вели тој, интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Пратеничката на ДУИ на 10 јануари беше разрешена со 61 глас од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ од функцијата претседател на Комисијата, но таа останува на позицијата.

    „Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци. Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците. До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на Комисија. Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено“, вели Гаши во денешното соопштение.

    Даути беше разрешена од Собранието поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него. Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица. Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниеден „воздржан“, пратениците ја изгласаа интерпелацијата на претседателката Даути. „Вреди“ гласаше „против“, а пратениците на СДСМ не присуствуваа на седницата.

    Даути тогаш рече дека само инсистирала да се зборува подеднакво како за бранителите, така и за припадниците на поранешната ОНА, кога се работи за посебни права.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира