НОВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН ПОРТРЕТ НА ТРАМП ЛИЧИ НА ФОТОГРАФИЈАТА ОД НЕГОВОТО АПСЕЊЕ

    НОВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН ПОРТРЕТ НА ТРАМП ЛИЧИ НА ФОТОГРАФИЈАТА ОД НЕГОВОТО АПСЕЊЕНовиот портрет и фотографијата од затворот во Атланта снимена во 2023

    Транзицискиот тим на Доналд Трамп го објави официјалниот портрет на новоизбраниот американски претседател во пресрет на неговата инаугурација на 20 јануари.

    Наспроти портретот од 2017 од првиот мандат, каде што е со широка насмевка, Трамп овојпат е претставен со сериозен изглед на лицето.

    Многумина го споредија новиот портрет со фотографијата на Трамп снимена при неговото апсење во 2023 во затворот во Атланта. Трамп тогаш беше обвинет за обидот да ја поништи изборната победа на Џо Бајден во сојузната држава Џорџија во 2020. Трамп подоцна ја користеше оваа, сега веќе славна фотографија за да собира средства за својата кампања.

    Првиот претседателски портрет на Трамп беше објавен дури девет месеци откако стапи на функција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира