ВООРУЖЕН НАПАЃАЧ УБИ ДВАЈЦА ВРХОВНИ СУДИИ ВО ИРАН

    ВООРУЖЕН НАПАЃАЧ УБИ ДВАЈЦА ВРХОВНИ СУДИИ ВО ИРАНВрховните судии Али Разини и Мохамед Могисех. (Фото: ИРНА)

    Дваjца ирански врховни судии се убиени во очигледен атентат во Врховниот суд во земјата.

    Али Разини и Мохамед Могисех беа убиени откако вооружен напаѓач влегол во судот во Техеран. Напаѓачот потоа се самоубил, според судот.

    Мотивот на напаѓачот е непознат, но двајцата судии играле клучна улога во прогонот и егзекуциите на противниците на исламскиот режим во 80-те и 90-те години од минатиот век.

    Според првичните сознанија, напаѓачот не бил вклучен во ниту еден случај на Врховниот суд. Портпарол на судот кажа дека напаѓачот влегол со пиштол во судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира