ТикТок е недостапен во САД, неколку часа пред да стапи во сила новиот закон со кој се забранува платформата.
На сите корисници во САД им се појави порака во апликацијата во која се вели дека е спроведен закон за забрана на ТикТок и поради тоа „не можете да го користите ТикТок засега“.
Апликацијата за споделување видеа беше забранета во САД поради грижи околу нејзините врски со кинеската влада и на сопственикот „БајтДенс“ му беше даде рок до 19 јануари да ја продаде на одобрен американски купувач.
Претседателот Џо Бајден кажа дека ќе му го остави прашањето околу ТикТок на неговиот наследник Доналд Трамп, кој вели дека најверојатно ќе му даде на ТикТок одложување на забраната од 90 дена кога ќе стапи на функцијата в понеделник.
Апликацијата од денеска веќе не може да се симне од продавниците за апликации на Епл и Гугл во САД.