ВО КУМАНОВО ИМА 174 УЧЕНИЦИ ПОМАЛКУ ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО СТРАНСТВО ИЛИ ВО ДРУГИ ГРАДОВИ

    ВО КУМАНОВО ИМА 174 УЧЕНИЦИ ПОМАЛКУ ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО СТРАНСТВО ИЛИ ВО ДРУГИ ГРАДОВИОд основно образование си заминале 111 деца, а од средните училишта 63. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 174 ученици од основните и средни училишта во Куманово се отпишале на крајот на првото полугодие на учебната 2024/25 година, затоа што со семејствата се отселите во странство или во другите општини во земјата. Од нив, од основно образование си заминале 111 деца, а од средните училишта 63.

    „Вкупно запишани ученици во учебна 2024/2025 година се 13.454 ученици, од кои во основните училишта се 9.610 ученици и во средните училишта 3.844 ученици. Отпишани на крајот на прво полугодие од учебната 2024/25 година се 174 ученици“, велат од Секторот за образование во Општина Куманово.

    Тие жалат што трендот на иселување на млади семејства не се намалил ни во оваа учебна година, туку напротив постојано добиваат барања за отпис на учениците.

    „Граѓаните ја напуштаат државата во потрага по подобар живот, таму каде социо-економската состојба е постабилна. Миграцијата не е присутна само кај нас туку во целата држава, а и светски тренд е, ние тука ништо не можеме да направиме“, додаваат од Секторот.

    Најмногу отпишувања има од училиштата со поголем број на деца, а тоа се од централното градско подрачеје.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира