МАЖ И ДЕТЕ УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД АШАФЕНБУРГ

    МАЖ И ДЕТЕ УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД АШАФЕНБУРГНапаѓачот е уапсен откако се обидел да избега, а мотивот не е познат (Фото: ДПА)

    Две лица се убиени во напад со нож во јужниот германски град Ашафенбург близу Франкфурт. Напаѓачот е уапсен откако се обидел да избега, а мотивот не е познат.

    Нападот се случи во парк близу центарот на градот и полицијата кажа дека веќе нема опасност за јавноста.

    Весникот „Билд“ објави дека  жртвите се двегодишно дете и 41-годишен маж.

    Безбедноста на јавните места е важна тема во пресрет на вонредните парламентарни избори во Германија на 23 февруари. Шестмина луѓе починаа, а речиси 300 беа повредени откако автомобил влета во божиќен пазар во Магдебург минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира